Викенд прогноза за Куманово: Имајте чадор со себе

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Минималните температури низ државата ќе се движат во интервал од 6 до 12, а максималните од 15 до 21 степен целзиусов.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  27-годишна кумановка била следена од поранешниот партнер

 

 

Утре исто така ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Врнежите од дожд во недела ќе престанат, но ќе се задржи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 24 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник ќе имаме претежно разведрување со благ раст на температурите и услови за нестабилност кон средината на работната недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Никола Ивановски