Истражување покажа: Позгодните луѓе имаат посилен имунитет кон корона

Сподели со своите пријатели

Во Proceedings of the Royal Society B е објавено интересно истражување според кое позгодните луѓе имаат посилен имунитет во одбрана од вирусот SARS-CoV-2.

Loading...

Истражување на Христијанскиот Универзитет во Тексас, во кое учествувале 79 мажи и 80 жени, покажа дека најатрактивните испитаници имаат најдобра биолошка имуност. Истражувачите зеле нивни фотографии и крвни слики, а потоа собрале околу 500 волонтери кои морале да ја оценат привлечноста на лицето од фотографијата.

 

 

Стандардите за убавина во повеќето случаи се доследни, а претходни истражувања покажаа дека карактеристиките како чиста кожа, сини очи, истакнати јаболкници, полни усни, се сметаат за привлечни особини во повеќето делови од светот.

Откако ги собрале и анализирале резултатите од најатрактивните испитаници, се покажало дека токму тие имаат најдобар имунитет. Резултатите покажале дека оние со висока оценка имале повисок степен на фагоцитоза на био честички на Е. коли, поголем број базофили, помал број неутрофили, овие бројки биле уште поизразени кај жените.

 

Loading...

 

Истражувачите веруваат дека привлечноста на лицето може да даде увид во нечија имунолошка слика, но потребни се уште истражувања за таа теза да се покаже апсолутно точна.