Истражување: Луѓето прават 1.000 чекори повеќе дневно ако пијат кафе

Сподели со своите пријатели

Рандомизирана студија, која опфатилa 100 возрасни лица кои нослеуреди за ЕКГ за континуирано снимање, следеле внес на кофеин, движење, спиење и здравје во период од две недели. Според тимот од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, имало и корисни и штетни краткорочни ефекти на кофеинот врз здравјето.

Loading...

Ефектот на кофеинот врз движењето и спиењето

Во деновите кога волонтерите пиеле кафе, тие оделе дополнителни 1.000 чекори во однос на деновите кога не пиеле кафе, а секоја дополнителна шолја го зголемувала бројот на чекори за уште 600.

 

 

Сепак, се покажало дека пиењето кафе го намалува времетраењето на спиењето за 36 минути за првата шолја и за дополнителни 18 минути за секоја нова чаша од тој пијалок.

Немало разлики во континуирано контролираната гликоза мерена кога учесниците во студијата консумирале кафе во споредба со деновите кога не пиеле, пишува Index.hr.

Loading...

Тимот не кажал зошто тоа би можело да биде така, туку само заклучиле дека резултатите „ја нагласуваат сложената врска помеѓу кафето и здравјето“.

 

 

Здравствените ефекти на кафето имаат и позитивни и негативни страни

„Кафето е најчесто консумираниот пијалок во светот, но неговите здравствени ефекти остануваат нејасни“, рече авторот на студијата Грегор Маркус.

„Иако повеќето долгорочни набљудувачки студии покажале повеќекратни потенцијални придобивки од пиењето кафе, ова е прва студија која ги истражува физиолошките последици од консумирањето кафе во реално време.

 

Loading...

 

„Почестата физичка активност, која била поттикната од консумирањето кафе, има бројни здравствени придобивки, како што се намален ризик од дијабетес тип 2 и неколку видови на рак, па се поврзува со подолг живот“, вели д-р Маркус, додавајќи:

„Од друга страна, намалениот сон е поврзан со разни штетни психијатриски, невролошки и кардиоваскуларни исходи. Овие резултати ја истакнуваат сложената врска помеѓу кафето и здравјето“.

Студијата беше претставена на American Heart Association на Scientific Sessions оваа година.