Испраќал пари на фатална Украинка, кога требале да се сретнат на аеродромот следувал шокот на неговиот живот

Сподели со своите пријатели

Кога Британецот Колин Ор (40) преку веб-страница за запознавање ја запозна Украинката Олга Марченко, тој помислил дека тоа е љубовта на неговиот живот.

Loading...

Тој и Украинката размениле повеќе од 800 електронски пораки, илјадници пораки на WhatsApp, бројни телефонски повици и фотографии.

Постар е од неа 31 година, а се запознале преку неговата сопруга и тоа во црква (ФОТО)

За време на нивната врска, Колин ѝ испратил и на 32-годишната Олга пари што и биле потребни за да ја издржува својата ќерка, со која живеела во украинскиот град Луганск.

По неколкумесечно дружење преку интернет, Олга му признала дека би сакала да живее во Единбург со него. Колин веднаш притрчал во Вестерн Унион и и ги испратил парите, но кога дошло време конечно да ја види во живо избраничката на неговото срце, тој бил длабоко разочаран.

 

 

Loading...

Олга требала да слета со својата ќерка на аеродромот во Единбург, а таа му опишала на Колин што имале двете на себе за полесно да ги препознае. Но, кога пристигнал на аеродромот за да ги земе, двете не излегле од авионот што пристигнал од Украина.

Се запознале на интернет, се сретнале, а таа завршила распарчана

Колин помислил дека нешто ѝ се случило на Олга, па го пријавил нејзиното исчезнување во полиција. Сепак, полицијата му открила дека лицето под тоа име живее надвор од Велика Британија и дека не е исчезната.

Тогаш Колин сфатил дека фаталната Украинка го измамила за 1.600 фунти што ѝ ги испратил за време на нивната врска.

– Секако, на почетокот мислев дека можеби таа е измамничка. Но, по сите пораки, повици и сè што поминавме заедно, помислив дека конечно најдов некој за себе – рекол тогаш 40-годишникот.

Се запознале во ноќен клуб и набргу се венчале: Немала претстава дека ќе стане принцеза (фото)

 

Loading...

 

„Ако можев да разговарам со неа, само би сакала да ја прашам зошто јас. Зошто од милион други мажи избра работник од средна класа за да украде од него. Работев напорно и добив хернија, поради што морам да одам на операција, сето тоа затоа што сакав да и помогнам на неа и на нејзината ќерка – рече Колин, кој сакаше со својот пример да ги предупреди другите луѓе да не им веруваат на сите што ќе ги сретнат на интернет, без ралзика како ти се претставуваат.

Венчавка во градски превоз: Го кажаа судбоносното „да“ таму каде што се запознале пред 13 години – во автобус (видео)

Иако од тогаш поминале три години, Колин е сè уште слободен и сè уште е во потрага по сродната душа.

Во моментов работи како готвач и се чини дека е многу добар во тоа работно место затоа што има и свои курсеви.


Leave a Reply