Младенците во денешно време се венчаваат на разни места, но еден пар од Њујорк решил церемонијата да ја организира во истиот градски автобус во кој се запознале пред 13 години, а сето тоа го пренесувала локалната телевизија.
Патниците и околу 50-ина гости присуствувале на свечениот чин на венчавката на Кара Малинс и Озвалд Хименез.
Хименез ја запознал својата идна сопруга пред 13 години во автобусот М14 во кој по повеќе од деценија се и венчаа. Кога на својата свршеничка и предложил да се венчаат во автобусот истиот момент прифатила, пренесува Анадолија.
Церемонијата од венчавката била емитувана и на локалната телевизиска станица NY1.
Loading...