Се запознале во ноќен клуб и набргу се венчале: Немала претстава дека ќе стане принцеза (фото)

Сподели со своите пријатели

Кога Ариана Остин (33) го запознала момчето во ноќен клуб, не била свесна дека го сретнала својот иден маж и дека тој всушност е етиписки принц, пишува „Индепендент“.

Таа била во ноќен провод со пријателката, кога и пришол Џоел Маконен.

– И реков: „Вие двете изгледате како од рекламата за „Бомбај Сафир“. Не поминаа пет минути и реков дека ќе ми биде девојка“, вели принцот за „Њујорк Тајмс“.

Венчавка во градски превоз: Го кажаа судбоносното „да“ таму каде што се запознале пред 13 години – во автобус (видео)

Loading...

Она што таа ноќ не го открил е дека всушност тој е принц, правнук на големиот Хајл Селасиј Први, последниот цар на Етиопија.

Парот започнал да се забавува, а тогаш Џоел кој работи како адвокат, открил на својата избраничка дека има кралско потекло.

https://www.instagram.com/p/BY3u9NLn7Di/

Роден е во Рим, затоа што неговите родители Давид Макенон и принцезата Адеј Имру, биле приморани да живеат во егзил поради комунистичкиот преврат во нивната земја во 1974 година.

Неговиот татко пребегал од крвопролевање навреме затоа што студирал во странство. Семејството подоцна се преселило во Швајцарија.

https://www.instagram.com/p/BY1ZzE8ndat/

Ариана Остин работи како уметнички кустос.

Кралското семејство ги влече корените од библискиот крал Соломон и кралицата од Саба.

Парот се венчал на 9 септември на раскоша етипско-православна венчавка со 13 свештеници.