Се запознале на интернет, се сретнале, а таа завршила распарчана

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишното момче прелетало 3.900 милји за да се види со девојката која ја запознал преку интернет, а откако таа го одбила, ја убил и распарчал.

Тинејџерот од Русија деловите од телото ги фрлал по канти за смет и одводи за канализација, велат органите на редот.

Кристина Камрајева била сметана за исчезната два месеци додека полицијата не ја открила нејзината вознемирувачка судбина, додека момчето Кирил Волски, чии фотографии се уште не се пуштени во јавноста, не бил ставен на детектор за лаги, велат од полицијата.

Лекар ја убил својата девојка откако ставил кокаин на својот пенис

Loading...

Во август, Кирил ја излажал мајка си кога рекол дека ќе оди кај другар од училиште и неговата баба, а всушност ги искористил заштедените пари за да премине 3.900 милји преку Русија и замине во Москва за да се сретне со девојката со која станал пријател на интернет.

На Кристина и рекол дека доаѓа во Москва со својата мајка за да присуствуваат на венчавна на семеен пријател.

Потрагата по Кристина била започната и со многу волонтери со постери на кои пишувало дека последен пат е видена на 26 август.

Неколку пати излегле додека тој не станал љубоморен, затоа што не го минувала секој момент со него, туку и натаму излегувала со своите пријатели.

Неговата мајка Олга подоцна рекла дека тој на Кристина и рекол дека сака да ја ожени и  да има семејство со неа откако ќе отслужи воен рок.

Но, таа одбила, а тој ја убил во станот кој го изнајмил во Москва, велат од полицијата.

Го нарекувале „бела смрт“ – снајперист кој за 100 дена убил 500 војници (видео)

Ја распарчал и деловите од телото ги фрлал во канти за смет и канализациски одводи.

Се признал на неговата мајка која се загрижила, затоа што преку видео повикот видела дека плаче.

Детективите го испрашале Кирил кој одбивал да признае дека направил нешто лошо.

Кога престанал да се јавува на детективите на телефон, тие долетале од Москва за да го испрашат и тогаш го приморале на детектор за лаги.

За време на испитувањети признал се и на полицијата рекол каде ги оставал деловите од телото на кристина. Ниту еден дел не бил пронајден, затоа што минало многу време од убиството.

Сега се чека судењето, а неговата мајка изјавила дека мора да биде казнет за она што го направил.

Leave a Reply