Испловија уште два брода со украинско жито

Сподели со своите пријатели

Уште два брода натоварени со украинско жито испловија денеска од пристаништата на Црното Море, во согласност со договорот за деблокирање на украинскиот поморски извоз, соопшти турското Министерство за одбрана.

Loading...

Бродот Сакура, кој тргна од пристаништето Југ, превезува 11.000 тони соја во Италија, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Друг брод, Аризона, кој отплови од Черноморск, носи 48.458 тони пченка за Искендерун, во јужна Турција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.