Исланд привремено го суспендира ловењето китови

Сподели со своите пријатели

Владата на Исланд објави дека го суспендира ловењето китови до крајот на август, во име на благосостојбата на животните, навестувајќи и дека контроверзната практика е при крај.

Loading...

„Донесов одлука привремено да го прекинеме ловењето на китови“ до 31 август, рече министерот за храна Свандис Сваварсдотир, додавајќи дека одлуката е заснована на законот за благосостојба на животните.

Министерот додаде дека оваа активност нема иднина доколку Владата и носителите на дозволата за лов не можат да ги гарантираат условите за благосостојба на китовите.

Последното активно ловечко друштво во земјава „Хвалур“ веќе најави дека оваа сезона ќе биде последна поради падот на профитабилноста на риболовот.

Сезоната на китови во Исланд трае од средината на јуни до средината на септември, но активностите најверојатно нема да продолжат по 31 август.

Годишните квоти дозволуваат убивање на 209 големи и 217 мали китови. Но, уловот е послаб во последниве години поради помалата побарувачка за месо од китови.

Според последните анкети, 51 отсто од Исланѓаните се против ловот на китови, наспроти 42 отсто пред четири години.

Исланѓаните се против ловот бидејќи убивањето на кит може да потрае неколку часа и е спротивно на исландскиот закон.

Loading...

Видеата што неодамна ги објавија властите ја покажуваат агонијата на китовите фатени минатата година, која траеше пет часа.

Исланд, Норвешка и Јапонија се единствените земји кои дозволуваат лов на китови.