Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозијата во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за експлозијата на автомобил-бомба во која загина началникот на локалната полиција во Авганистан.

Loading...

Регионалниот огранок на ИД, познат како Исламска држава во провинцијата Хорасан, ги зголеми своите напади откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август минатата година, според АП.

Шефот на полицијата на североисточната провинција Бадакшан, Абдулхак Абу Омар, беше убиен во понеделник наутро кога бомба експлодираше во близина на неговото седиште.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Абдул Нафи Такор изјави дека уште две лица загинале во експлозијата, а уште две се ранети.

Тој додаде дека во врска со експлозијата се уапсени четири лица.