Исклучително ретко диво животно пронајдено во дивината во Тексас

Сподели со своите пријатели

Албино ѕвечарка, исклучително ретка змија, била пронајдена на ранч во Тексас.

Loading...

Ѕвечарка ја пронашол сопственикот на ранчот во округот Мејсон, северозападно од Остин, и повикал биолог.

– Ова е нешто што не го гледате секој ден. Случаите со албино се многу ретки во дивината. Некои велат дека тоа се случува еднаш на 100.000 раѓања, додека други тврдат дека појавата е уште поретка“, вели биологот – пренесуваат американските медиуми.

Животните албино не можат да произведат пигмент на нивната кожа, влакна, пердуви и очи, а нивниот живот во дивината може да биде многу тежок бидејќи нивните очи се чувствителни на сончева светлина.

Многу видови животни се потпираат на бојата на кожата за да се сокријат од предатори или да се приближат до пленот.

Сопственикот на ранчот има намера да ја врати албино змијата таму каде што ја нашол.