ИСИС презеде одговорност за нападот во Кабул

Сподели со своите пријатели

Организацијата на т.н Исламската држава (ИД) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред авганистанското Министерство за надворешни работи во Кабул во средата, во кој загинаа најмалку пет лица.

Loading...

AMAQ, пропагандната рака на ИД, објави на Телеграм дека член на нивната организација „успеал да помине контролен пункт“ на талибанците и „потоа го активирал својот експлозивен појас меѓу персоналот и чуварите додека излегувале од главниот влез“ на министерството, при што загинале повеќе луѓе , „вклучувајќи ги и дипломатите“.

Полицијата соопшти дека во нападот загинале пет лица, а извор од Министерството за информации претходно изјави дека има 20 загинати.

Локалната болница прими 40 ранети.

Устад Фаридун, талибански претставник во Министерството за информации, рече дека бомбашот самоубиец имал намера да влезе во зградата на министерството, но не успеал.