Исцрпеност, вознемиреност, замор: Во оваа европска земја, луѓето масовно бараат психолошка помош

Сподели со своите пријатели

Исцрпеноста особено ги погоди младите, а има многу кои ги избришаа границите помеѓу деловниот и приватниот живот заради професионално прегорување предизвикано од работа од дома.

Loading...

Белгиските психијатри и психолози предупредуваат дека во земјата имало експлозија на истоштеност предизвикана од нерамнотежата што пандемијата на коронавирус и мерките за нејзино запирање ги внеле во секојдневниот живот на граѓаните.

 

 

Белгиската франкофонска телевизија RTBF известува за „феноменот на исцрпеност“ што експлодира во сите возрасни групи, особено кај младите, а кој беше предизвикан од губење на социјалните врски и општо чувство на несигурност кога станува збор за иднината, пренесува Танјуг.

Психолозите предупредуваат дека во Белгија станало невозможно да се одговори на сите повици од луѓе кои бараат психолошка помош.

– Зголемувањето на случаите на исцрпеност како резултат на пандемијата на коронавирус очигледно влијае на повеќе нивоа. Некои пациенти се во т.н. професионално прегорување, бидејќи новите услови за телекомуникациско работење донесоа подолго работно време или дури и ги избришаа границите помеѓу професионалниот и приватниот живот – вели психологот Џералд Мејс.

Loading...

 

 

Психолозите предупредуваат и на фактот дека моментите на релаксација практично исчезнаа со одвојување на поединци од културни настани, спортски активности, патувања, семејни и пријателски собири.

– Вообичаените извори на рамнотежа ги нема, што доведува до екстремен замор. Внатрешната батерија на луѓето остана без енергија, и стана невозможно да се најдат средства за полнење – се наведува во анализата на RTBF.

Се додава дека популацијата е преоптоварена со информации поврзани со коронавирусот, кои повеќе не можат да се „подредуваат“ и дека состојбата со менталното здравје кај децата и адолесцентите е особено загрижувачка, со зголемување на депресија, анорексија, анксиозност и самоубиствен ризик.

 

Loading...

 

Националните власти на Белгија наведуваат дека пандемијата во 2020 година имала катастрофален ефект врз сите аспекти на благосостојбата на населението, вклучувајќи ги и здравствените или социјалните односи, со посебни негативни последици за белгиската економија.

Од планираното зголемување на буџетот за здравство од 1,2 милијарди евра, 200 милиони ќе бидат наменети само за областа на менталното здравје на жителите на Белгија.

Дали психолошки влијаеше и врз вас пандемијата на коронавирус?

Leave a Reply