Иран се повеќе ги зголемува залихите на збогатен ураниум

Сподели со своите пријатели

Иран се повеќе се оддалечува од нуклеарниот договор потпишан со светските сили и продолжува да акумулира збогатен ураниум во последните неколку недели, објави во петокот Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА).

Loading...

Наведено е дека Иран моментно има 241,6 килограми ниско збогатен ураниум, што е за 36,6 килограми повеќе отколку на почетокот на јули, или 38,8 килограми повеќе од границата предвидена со договорот.

Во извештајот се наведува дека Иран моментно го збогатува ураниумот на чистота од 4,5%, додека според договорот не треба да надминува границата од 3,66%.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека може да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Министрите на земјите-членки на ЕУ, во меѓувреме, скоро ја елиминираа можноста за испраќање на поморска мисија во теснецот Хормуз, во кој Иран располага со воени бродови.

Leave a Reply