Ирак го отповика амбасадорот од Иран

Сподели со своите пријатели

Ирак го отповика својот амбасадор од Техеран на консултации и го покани иранскиот вршител на должност во Багдад на средба, како знак на протест поради иранските напади врз северен Ирак во кои загинаа неколку цивили во текот на ноќта, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.

Loading...

Иранскиот напад беше „флагрантно кршење“ на суверенитетот на Ирак и „силно е во спротивност со принципите на добрососедство и меѓународното право и ја загрозува безбедноста на регионот“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува АП.

Иран во понеделникот соопшти дека истрелал проектили врз, како што рече Техеран, израелски „шпионски штаб“ во луксузен кварт во близина на комплексот на американскиот конзулат во Ирбил, седиштето на северниот полуавтономен курдски регион во Ирак, како и цели поврзани со Исламската држава во северна Сирија, пренесува RT Balkan.

„Нема причина за овие напади и нема оправдување“, изјави премиерот на курдскиот регион Масрур Барзани.