IQ ТЕСТ: Дали сте доволно снаодливи да ги решите овие детективски загатки?

Сподели со своите пријатели

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки.

Loading...

Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

Брз тест на интелигенција: Дали можете да ги решите овие загатки?

  1. Мистеријата на празниот подрум

Енди е во подрум кој е покриен со многу земја и само еден прозорец кој е поставен многу високо. Во подрумот има и лопата, а Енди има 2 дена да избега од подрумот. Нема доволно време за копање тунели.

Што мислите, како успеал да избега?

  1. Кој го украл прстенот?

Никол отишла во полициската станица и пријавила кражба на стариот прстен. Кога полицијата дошла кај нејзината куќа, забележала голем хаос во куќата и дека прозорецот е скршен.

На тепихот се гледаат стапалки, но немало други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол за измама.

Зошто?

Loading...

Што всушност тестот за интелигенција открива за човекот?

  1. Отровен пијалак

Марија и Ана отишле на пијачка. Нарачале исти пијалоци, Ана била многу жедна и веднаш ги испи нејзините, додека Марија полека ги пиела нејзините.

Кој пијалак бил отровен ако само на Марија ѝ се слошило?

Под сликата ќе ги најдете точните одговори ..

 

 

1. Енди со лопата направил рид од земјата под прозорецот и така успеа да дојде до него и да излезе надвор.

Loading...

2. Веднаш штом полицијата пристигна на местото на злосторството, тие знаеле дека Никол сама го сторила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено внатре во куќата.

3. Отровот бил во мразот и додека Ана го испила пијалокот, мразот немал време да се стопи.

Leave a Reply