Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, вели Додевска

Сподели со своите пријатели

„Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува“, рече вчера Марина Додевска од Општинската организација на СДСМ во Куманово од пред вакциналниот пункт.

Loading...

Како што истакна до вчера утрото вакцинирани биле 119.000 граѓани, а 21.890 од нив примиле две дози од вакцината. Во Куманово Синофарм досега примиле 8.550 лица, додека 1.500 лица се вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека.

–   Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, до сега се пријавиле 256.346 граѓани за вакцинација. Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани (над 70 години старост) примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација на населението се спроведува одлично, вели Додевска.

Таа упати апел до граѓаните да се вакцинираат посочувајќи дека сите вакцини се безбедни и нема контра индикации.

Никола Ивановски

Leave a Reply