Инспекциските служби во Куманово и за викенд „ловат“ дивоградби

Сподели со своите пријатели

Инспекцијата со дежурства и за време на викендите ги нотира сите објекти кои се градат бесправно на територијата на општина Куманово, рече градоначалникот Максим Димитриевски кој додаде дека нема стопирање на дозволите за градба кои се легални, туку само на оние кои се дивоградби.

Loading...

Одговарајќи на прашањето на советникот од Алијансата на Албанците, Осама Муадини зошто издавањето на одобренијата за градба одат споро, Димитриевски вели дека тоа е од објективни причини, затоа што локалната самоуправа има само двајца инжинери.

Ги повика сите лиценцирани градежни инжинери да аплицираат за работа во општината за ангажирање затоа што такви профили недостасуваат и на пазарот на трудот.

– Запознаен сум дека постапките за издавање дозволи одат споро. Многупати од објективни причини, располагаме само со два лиценцирани инжинери кои работат во системот за издавање е-урбани дозволи кои се преоптеретени со работа и не можат физички да постигнат. Има недостаток од ваков кадар на пазарот на трудот Апелирам до сите инжинери кои имаат уредни лиценци, општината е подготвена да ангажира дополнителен број луѓе. Многу од причините се субјективни затоа што некои планери прават одредени пропусти, а пред странките тие пропусти ги претставуваат како проблеми во општината, рече Димитриевски.

Сепак Димитриевски изрази несогласување со ставот на советникот Осама Муадини, дека откако е дојден на власт е стопирана градбата во градот.

– Не се согласувам со ставот дека откако е дојден Максим Димитриевски е стопирана градба, спротивно на тоа, имам издадено серизно големи прописи за градба особено во делот на изградба на трговски центри и колективни домувања, како примерот со „Први мај“, неколку згради во населба Гоце Делчев, но се согласувам дека е стопирана градбата во делот на дивоградбите. Со инспекциски надзор дополнително воведовме служби кои и за викендите кои дежуваат во градот и ги нотираат сите објекти кои се градат на диво и тоа беше целта, ние со таа интенција ќе продолжиме да работиме, рече Димитриевски.

Loading...

За „ловење“ на дивоградбите е купен и дрон со кој службите вршат надзор, бидејќи честопати на терен инспекторите се и физички напаѓани.

Leave a Reply