Инспекцијата мака мачи со дивите пазарџии во населбата Карпош, ќе се размисли за нов регуларен пазар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Инспекциските служби при Општина Куманово во неколку наврати ги отстранувале дивите пазарџии кои продаваат земјоделски производи во камиони на влезот од населбата Карпош, но тие постојано се враќаат по неколку дена, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Како што рече советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, на овој див пазар не постојат ниту хигиенски, ниту сообрајаќни услови за продавање храна.

– Знаеме дека на крстоцницата на влезот во населбата постојано има камиони кои што се паркирани на недозволени места и од кои се врши прадажба на земјоделски производи. Не постојат ниту хигиенски ниту сообраќајни, никакви услови за вакво нешто иако се преземаа мерки за овој пазар и од полицијата и од инспекциите, ништо не се менува, ден-два и пак се враќа на старо, рече Петковски.

 

фото: архива

 

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека по последниот месец инспекцијата интензивно интервенирала, но попусто, оти нема добра соработка со Министерството за внатрешни работи.

– Во неколку наврати интензивно последниот месец интервенирав до инспекцијата, излезе на место со пазарна инспекција имаат одземено роба во неколку наврати и ги имаат тргнато, за жал тоа се повторува континуирано, а МВР не дава допринос и не се ангажира целосно. Некој узирпура сообраќајна површина и имаат надленост да го санкцинираат тој прекршител и нема целосна соработка со МВР на тоа поле, немо го набљудуваат тој процес, вели градоначалникот.

 

Loading...

 

Советникот Петковски предложи да се разгледа идејата за изградба на регуларен пазар во населбата Карпош, со оглед дека граѓаните имаат таква потреба.

– Ова покажува дека на овој дел од градот на населбата Карпош, а на таа крстосница гравитираат и некои други населби, сите села од Старо Нагоричане и го користат овој пазар, покажува дека во населбата е потребен пазар. Ве прашувам дали е во план изградба на регуларен и легален пазар во Карпош? Бидејќи сите знаеме дека ова е многу голема населба, поголема и од многу градови и општини во Македонија така да ова население сигурно има потреба од вакво нешто, рече Петковски.

 

 

Според Димитриевски, идејата е добра, но проценката треба да ја носи Советот и Јавното претпријатие „Пазаришта“.

Loading...

– Идејата за нов пазар е добра, проценката пак ја носи Советот, ако Советот одлучи јас ќе ја реализирам таа одлука, а ако директорот смета дека може да ги прошират своите кпацитети на оваа локација со нов пазар треба да се работи за наоѓање атрактивна локација и можеби да отвориме времен пазар како што имаме веќе на две локации, рече тој.

Сепак, додава Димитриевски, примерите со времени пазари не се позитивни и тие не работат рентабилно. Како такви ги посочи пазарите на улицата „Народна револуција“ и на булеварот „Октомвриска револуција“.

Идејата за нов пазар во населбата Карпош, вели кумановскиот татко, е добредојдена и ќе започне да се размислува на таа тема.

Никола Ивановски

Leave a Reply