Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Сподели со своите пријатели

Денеска започна гласањето за општите избори во Индија, кои до 1 јуни се одржуваат во седум фази на повеќе од милион избирачки места низ земјата.

Loading...

Хинду националистичкиот премиер Нарендра Моди е уверен во победата против опозицијата.

Вкупно 968 милиони Индијци треба да изберат 543 членови на Долниот дом на парламентот.

Гласачките ливчиња ширум земјата ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите обично се објавуваат истиот ден, пренесува Бета.

73-годишниот Моди е многу популарен по два мандата, во кои Индија го зголеми своето дипломатско влијание и економско значење.

Неколку клучни опозициски партии формираа сојузи во многу индиски држави за да се спротивстават на партијата на Нарендра Моди.

Изборната кампања ја одбележаа прашањата за кризата со работните места, растот на цените, притисокот врз опозицијата и религиозната политика.