Имал 16 години кога се запознале, а таа на 32 му родила син (фото)

Сподели со своите пријатели

Една 32-годишна мајка од Англија неодамна се породи. Но, тоа не би било ништо невообичаено да таткото на бебето не е нејзиното момче кое има само 16 години. парот, Кетлин Мартин и Џек Фјусл се запознале во 2015 година преку „Фејсбук“, кога тој се понудил да и помогне со градината.

Дознале дека Кетлин е трудна само седум месеци од почетокот на забавувањето, но и покрај неговите години, вестите не ги разделиле.

Всушност, Џек ја породил Кетлин кога таа започнала да се пораѓа три и пол недели пред терминот. На светот дошол Џеј.

Loading...

Додека врескав, Џек се јавуваше во болница и тие му зборуваа што да прави. Ги слушаше инструкциите на болничкиот персонал додека бебето доаѓаше на свет. Буквално се беше готово за неколку минути. Но, изгуби сигнал на телефонот со што се прекина врската со болницата. Џек се фрли во акција, го замота бебето во пешкири започна да ја трие.

Џек сега има 18 години и сериозно ја сфаќа улогата на татко и покрај критиките кои доаѓаат од другите луѓе.

Сите мислат дека тоа е погрешно, но на крајот на денот, се испаѓа во ред. Секој ден со нив е различен па сите пречки ги преминуваме во чекорење. Секој ден некое изненадување – рекол Џек за својот син Џеј.

Џеј сега има девет месеци и тој е трето дете на Кетлин Мартин. Покрај разликата од 14 години таа вели дека Џек е многу зрел за своите години.

 

извор: Телеграф.рс