Има 9 години и дизајнира облека: Сака да биде моден дизајнер, а почнала да шие на пет години

Сподели со своите пријатели

Каја има ветувачки талент за моден дизајн. Постојано шие облека, а ги привлече погледите и на професионалните модни дизајнери. Нејзината мајка Тоња вели дека отсекогаш била заинтересирана за модата. Пред неколку години почнала да шие облека рачно.

Loading...

„Секогаш би претерала со аксесоарите и би комбинирала работи кои не ми се логични, но би имале смисла откако таа ќе ги состави“, рекла Тоња.

Наскоро добила сопствена машина за шиење и оттогаш не престанала да шие.

 

 

„Сакав да бидам моден дизајнер од мојата четврта година, а шијам од петта година“, рече Каја.

Сега таа може да сошие фустан за само еден час. Таа има книга за цртање каде што ги зачувува своите дизајни.

Loading...

– Интересно е да се види како функционира нејзиниот ум. Само дајте и парче ткаенина и за еден час ќе добиете убаво дизајнирано парче – вели Тоња.

 

 

Покрај тоа што ги прави работите од почеток, таа ја обновува постоечката облека и ја прави свежа и возбудлива. На социјалните мрежи многумина го фалат нејзиниот талент.

Дури и дизајнерката Вера Ванг го пофали нејзиниот талент. Таа и испрати порака во која напиша: „Толку сум возбудена што гледам дека веќе го остваруваш твојот сон да станеш моден дизајнер! Честитки и среќа“, пренесува Метро.