Има 39 години, а веќе родила 44 деца (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Марјам Набатнази од Уганда веројатно е жената која држи светски рекорд кога се работи за мајки кои родиле најголем број деца.

Мајрам која има 39 години досега родила 44 деца, од кои 38 се живи.

Првите четири породувања биле со близнаци, а потоа имала три бремености во кои родила петорки, а потоа и три со тројки. Потоа уште еднаш имала близнаци, а сите останати породувања и биле со по едно дете.

Лекарите и рекле дека не може да има деца, а таа двапати родила близнаци

Loading...

Сите деца се на возраст од пет месеци до 23 години и сите ги родила по природен пат.

Првата бременост ја имала откако се омажила на само 13 години за човек кој тогаш имал 43 години, а како што самата признала, децата ги раѓала во период од година и пол. Како што вели, рано се омажила затоа што нејзината мајка починала, па како девојче сама останала со таткото, кој што побргу ја омажил за првиуот кој наишол.

Марјам сите свои деца ги зачнала со сит маж, својот сопруг, кој по последното породување исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, тепал и земал се што имале во куќата, додека ништо за многучленото семејство не допринел.

Пијана жена родила бебе со 1,7 промили алкохол во крвта

Иако неколку пати се обидела да користи контрацептивни средства, се било бескорисно и секогаш повторно забременувала, и тоа се поради реткото хормонско пореметување, а кои се нарекуваат хиперовулација, при што кога и да забременило обично раѓала повеќе деца одеднаш.

Марјам сега е сама со своите деца, сама ја кренала куќата и ја опремила, и како што вели, не сака да проси туку вредно работи и учи разни занаети за да може на децата да им обзбеди школување, облека и храна.

https://www.facebook.com/RTvids/videos/2054603714852596/

Leave a Reply