Пијана жена родила бебе со 1,7 промили алкохол во крвта

Сподели со своите пријатели

Пијана жена од Полска дома пред време го родила своето бебе и тоа со 1,7 промили алкохол во крвта, а потоа ја оставила и избегала од болница, па сега и се закануваат пет години затвор.

Триесет и двегодишната жена се породила минатата недела кога на свет донела пијано девојче во својот дом и не ги повикала лекарите.

Соседите сепак слушнале плач на новорденчето и повикале Брза помош која бебот и мајката ги одвела во болница. Во крвта на мајката биле измерени 3,5 промили алкохол, а во крва на бебето 1,7 промили.

Кога се отрезнила на своја одговорност излегла од болницата и од тој момент обвинителството не може да ја најде за сослушување, а во болницата никој не се појавил да види како е девојчето.

Судот сега треба да одлучи дали ќе го одземе детето од мајката и ќе го даде на хранителско семејство, откако лекарите соопштиле дека можат да го пуштат бебето од болница.

Поради занемарување и загрозување на деца, судот веќе и одзел два сина, еден кој сега има 11 години, а другиот две.