Илон Маск го напушти Твитер, се сели на друга социјална мрежа

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, во серија твитови изјави дека се збогува од Твитер.

Loading...

Маск ја донел оваа одлука откако одредени твитови му предизвикаа проблеми, а во низата твитови што ги објави, тој им рече на своите следбеници дека не е сигурен дека има корист од оваа социјална мрежа и дека Редит се чини дека е подобар избор.

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

Многумина се жалат на најавената апстиненција на Маск на Твитер, но со оглед на претходните најави за негово заминување од Твитер, некои негови следбеници не веруваат дека Маск ќе се повлече од Твитер.

фото: Twitter printscreen

Маск во јуни рече дека го избришал својот профил на Твитер, иако тој остана активен. Тој накратко го смени името на профилот на оваа платформа во „Daddy DotCom“, но наскоро го врати своето име.

Илон Маск ги избриша своите страници од Фејсбук

Loading...

Во октомври, се појавија судски документи кои покажуваат како неговите советници го повикуваат да се одмори од Твитер, откако британскиот нуркач од тајландската пештера го нарече педофил.

Leave a Reply