Илон Маск се извини на спасувачот од Тајланд кој го нарече педофил

Сподели со своите пријатели

Директорот на компанијата Тесла, Илон Маск се извини на британскиот нуркач кој беше вклучен во спасувањето на момчињата од пештерата во Тајланд, а кого го нарече педофил.

Во серијата Твитер пораки Маск рече дека зборувалво гнев во недела кога нуркачот Верн Ансворт со подсмев му префрли за неговата понуда за спасување на 12 момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера со помош на неговата мала подморница.

Нуркачот Ансврот тоа го нарече маркетинг трик на Маск, а тој му одговори дека е педофил.

Помошта на Илон Маск за спасување на децата од Тајланд е обичен ПР трик? (ВИДЕО)

Loading...

– Грешката е моја и само моја, е пораката која ја напиша Маск во извинувањето.

Само еден ден по неговите зборови акциите на компанијата Тесла паднаа за три отсто, па извинувањето можеби е и од финансиски причини.

Нуркачот Ансворт претходно најави и можна тужба против првиот мултимилијардерот.

Leave a Reply