Идните Ајфони ќе доаѓаат со USB-C конектор

Сподели со своите пријатели

Кога парламентот на ЕУ гласаше USB-C да стане заеднички стандард за полнење телефон во регионот, беше прилично очигледно која компанија ќе биде најмногу погодена од тоа.

Loading...

Иако технолошкиот гигант веќе има модели на iPad со USB-C порти, на неговите Ајфон уреди сè уште им е потребен „lightning“ конектор за полнење.

Во интервјуто на настанот Tech Live организиран од Wall Street Journal, Apple SVP за глобален маркетинг, Грег Џосвијак потврди дека технолошкиот гигант ќе се префрли на USB-C конектори за да ги направи нивните уреди усогласени со регулативите на ЕУ, пренесува Engadget.

„Очигледно, ќе мора да се придржуваме (со прописите)“, одговори Џосвијак на прашање дали Apple се префрла на USB-C.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Џосвијак зборуваше и за тоа како ЕУ притискаше за усвојување на микро-USB конекторот пред 10 години.

Бидејќи дел од загриженоста на ЕУ беше дека луѓето ќе мора да имаат неколку адаптери со различни конектори, Apple ги направи каблите да се откачуваат за луѓето лесно да ги исклучуваат.

Џосвијак, исто така, рече дека овој потег им овозможи на повеќе од милијарда луѓе да продолжат да ги користат нивните Лајнтинг кабли наместо да ги фрлаат и да создадат „куп е-отпад“.

Нема друг избор

„Немаме друг избор како што имаме ширум светот освен да ги следиме локалните закони“, рече Џосвијак.

Loading...

Сепак, она што тој не го кажа е дали Apple само прави поинаква варијанта за европскиот пазар, додека продолжува да продава телефони со лајнтинг конектори на други пазари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Apple претходно ги наведе еколошките грижи како причина поради која ги исклучува полначите за слушалки од пакувањето на новите уреди.

Технолошкиот гигант рече дека ќе заштеди 861.000 тони метал, а исто така ќе заштеди и гориво бидејќи повеќе iPhone-и можат да се сместат во контејнери за испорака.

Исто така, Apple не наведува колку пари заштедил во процесот на исклучување на полначот од пакетот и дополнително продавање како посебен производ.

Според новиот закон на ЕУ, Apple ќе мора да испорачува iPhone и iPad со USB-C порти во Европа до крајот на 2024 година.

Лажна реторика на Apple

Apple, под изговор за е-отпад, исфрли полначи кои беа USB-A (целосна големина) до лајнтинг. Меѓутоа, кога каблите беа пуштени (iPhone 12) дојде со USB-C кон Lightning кабел кој не беше компатибилен со старите полначи бидејќи имаа голем USB-A наместо мал USB-C конектор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Секако, Apple веднаш понуди еден куп адаптери кои чинат приближно колку еден нов полнач, па корисниците беа принудени да купуваат полначи и на тој начин, освен скапите телефони, на Apple му обезбедуваат дополнителен приход за нешто што до вчера беше дел од пакетот.

Поради ова, оваа компанија во Бразил доби забрана за продажба, парична казна и пресуда според која мора да обезбеди полначи на сите купувачи на телефони iPhone 12 и iPhone 13.

Loading...