И покрај врнежите Пчиња и натаму под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња и натаму е под просекот за овој период од годината, и покрај врнежите кои во изминатиот период беа присутни на подрачјето на државата, но и во соседна Србија од каде и тече.

Loading...

Според последните мерења направени утринава во 07:30 часот од страна на Управата за хидрометеоролошки станици на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, водосојот изнесува само 25 сантиметри.

Вчера нивото било 32 сантиметри што е пад од седум сантиметри за само еден ден.

Просекот за овој период од годината според минатогодишните мерења на УХМР изнесува 38 сантиметри.

Никола Ивановски

Leave a Reply