И кај најскапите може да се случи: Автомобили вредни 3 милиони евра мора да одат на вонреден сервис

Сподели со своите пријатели

Бугати бара промена на гумите за сите сопственици чии возила се стари една и пол година или поминале 3.000 километри.

Loading...

Кога купувате автомобил кој чини 3 милиони евра, не очекувате вонредни сервисни проблеми, но тоа не значи дека нема да има.

 

 

Така, Бугати објави дека специјалната серија Chiron Pur Sport има проблеми со гумите на Мишелин, на кои по 4.000 километри возење може да настанат опасни пукнатини.

 

Loading...

 

Chiron Pur Sport е специјално опремена варијанта на моделот Chiron, која има подобрени возни карактеристики. Сепак, најблаго речено загрижувачка е информацијата дека автомобил кој произведува 1.500 КС и оди побрзо од 400 км/ч може да има пукнатини во гумите.

Во основа, Бугати  бара промена на гумите за сите сопственици чии возила се стари една и пол година или поминале 3.000 километри, а се подготвуваат и нови поиздржливи гуми Мишелин.