И без датум за преговори безбедноста на државата е загарантирана, рече Пендаровски

Сподели со своите пријатели

Од безбедносен аспект ако не добиеме датум за отпочнување преговори нема да се случи ништо, бидејќи безбедноста на државата е загарантирана, рече денеска претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски од Куманово, каде присуствуваше на одбележувањето на Денот на Здружената оперативна команда.

Loading...

Како што додаде тој, ратификацијата за членство во НАТО е при крај, и членството во алијансата значи дека 29те други држави ќе асистираат ако има потреба.

– Од тој аспект граѓаните треба да бидат спокојни и мирни, стануваше збор да добиеме што е можно порано датум за преговори за да можеме да влеземе со подлабоки реформи со асистенција на Брисел, од постари демократии, од организација која е докажана дека има принципи и стандарди кои се практично неспоредливи со било која друга организација во светот. Значи од аспект на безбедност или мојата улога не треба да има дилема или сомнеж ако не добиеме датум за преговори, рече претседателот Пендаровски.

Како што рече тој, непосрно е дека во минатото критериумите за членство биле доста пониски, но вели Македонија е поподготвена од било која друга држава во овој момент за членство во унијата.

– Ние сме најподготвени, имаме 14 години стаж, чекаме, 2005 година добивме кандидатски статус и она што можеби јавноста не го знае или го има заборавено уште таа година сите 35 тима по сите поглавја за кои се преговара, беа подготвени, имавме една прекрасна екипа уште тогаш која и сега е во функција и чекаме само момент за форамлен старт за преговорите, потешко е, но јас не се плашам и верувам дека никој нема сомнеж во таа насока дека ние имаме подготвени тимови и стручни лица кои можат да го направат тоа во најдобар можен начин, додате Пендаровски.

Се прават последните дипломатски напори од наша страна, додаде тој, а во случај да не добиеме датум вели дека без ралзика кој ќе ја предводи владата или кој ќе биде претседател треба да се продолжи кон стратешката цел за членство во ЕУ.

Loading...

Leave a Reply