ХРАНАТА КАКО ЛЕК: Како да го снижите високиот крвен притисок?

Сподели со своите пријатели

Ако имате проблем со хипертензија, не мора веднаш да прибегнувате кон лекови. Лекарите препорачуваат прво да ја испробате оваа храна.

Loading...

Лук

 

 

Лукот содржи соединенија на сулфур кои ги релаксираат и шират крвните садови, што го олеснува притисокот и му помага на шеќерот поефикасно да помине низ телото.

Дополнителни предности на лукот во дневната исхрана се тоа што исто така го намалува ЛДЛ, односно лошиот холестерол, мастите во крвта и е одличен борец против вируси, бактерии и габи во организмот.

Каранфилче

Loading...

 

 

Како и циметот, каранфилчето е одличен извор на фенол, но исто така и антиоксиданти и со тоа одличен природен извор на состојки кои го намалуваат крвниот притисок.

Покрај тоа, каранфилчето поттикнува подобра работа на дигестивниот тракт, ги елиминира потенцијално штетните бактерии од телото и помага во поефикасна обработка на храната.

Внес на сол

 

Loading...

 

Ова значително помага во намалување на високиот крвен притисок. Намалениот внес на сол може да се постигне со намалување на внесувањето на производи од суво месо и готова преработена храна, кои инаку се богати со овој зачин.

Исто така, ограничете го солењето кога подготвувате дневни оброци.

Јадете домати

 

 

Доматот содржи еден од најмоќните антиоксиданти – ликопен, кој помага да се заштити срцето од срцев удар, стеснување на крвните садови и висок крвен притисок, но исто така се подобрува и целокупната состојба на организмот.

Loading...

За најдобар ефект, покрај тоа што ќе го консумирате суров, се препорачува да пиете (несолен) сок од домати.