ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ: Се искачија на вулкан при ерупција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група планинари се искачи на вукланот Ебеко, за време не негова ерупција, се се за да добијат подобар поглед врз оваа неверојатна природна појава.

Вулканот Ебеко, кој се наоѓа на северниот дел на Парамушир островот, висок е 1.156 метри, но тоа не ги спречило авантуристите за овој предизвик.

Руските планинари ја занемарлите личната безбедност, па се решиле да се искачат на вулканот кој секојдневно исфрла пепел.

Ким Џонг Ун и „испраните мозоци“ на Севернокорејците (видео)

Loading...

Групата планинари  чекори кон врвот и покрај тоашто вулканот исфрла огромен сив облак од прашина во воздухот.

Според податоците регистрирано е дека таа недела столбот на пепелот достигнал четири километри височина, а облакот од чад ветерот го носел 68 километри југоисточно од кратерот.

Видеото кое го направиле планинарите покажува огромен облак чад кој се издига и шири над кратерот на вулканот Ебеко, правејќи масивен црн ѕид кој го прекрива небото.

За среќа, како што се гледа на снимката, вулканот не исфрлал лава, туку само чад и пепел.

Leave a Reply