Хороскоп за понеделник, 26 февруари

Сподели со своите пријатели

Овен

Loading...

Обрнете внимание на потиснатите емоции кои повторно се појавуваат денес, токму кога мислевте дека сте ги заборавиле. Оние кои неодамна се соочиле со загуба конечно можат да здивнат. Овој ден посветете си го исклучиво на себе, а една драга личност ви подготвува изненадување.

 

Бик

Денес од вас се бара да размислите за одредена цел што си ја поставивте за време на вашиот роденден. Дојде време планот да се спроведе и ќе успеете. Можни се мали недоразбирања со членовите на семејството, но сето тоа е затоа што не успевате да се разберете како што треба.

 

Близнаци

Дајте си ги пофалбите што навистина ги заслужувате, бидејќи конечно сте го исполниле она што сте го замислиле! Освен тоа, можно е да почнете да размислувате за промена на домот, преселување во близина. Ви се смешка ново познанство кое од пријателство лесно може да се претвори во љубов.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за вторник, 30 април

 

 

Рак

Ако има нешто во кое можете да бидете сигурни во деновите што доаѓаат, тоа е дека вашите финансии ќе се подобрат. Донесувањето практични одлуки добро ќе ви послужи во вакво време и можеби ќе се поврзете со старите пријатели и колеги повеќе од кога било досега. На љубовен план има несогласувања.

 

Лав

Денес дефинитивно започнува вашата љубовна романса во која ќе уживате без дискусија! Вашата средба не се случила случајно, а наскоро ќе дознаете. Одморете си, потребно ви е, а во периодот пред почетокот на пролетта треба да се грижите за имунитетот.

Loading...

 

Девица

Ако ви здодеа да чекате да ви се „случат“ работи, време е да ги преземете работите во свои раце. Крај на врската со партнерот дефинитивно ќе се случи, но ќе ви донесе само добро. Фокусирајте се на себе и поставете си нови планови, трудот ќе ви се исплати.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за вторник, 30 април

Вага

Иако можеби изгледа така, не е се така совршено како што изгледа. Ќе ги добиете финансиските приходи што ги очекувавте, но тоа не значи дека треба да се опуштите. Кога станува збор за врските, вие манифестирате врска која е вистинска и здрава, а вашиот партнер не се плаши целосно да се изрази токму онака како што се чувствува.

Loading...

 

Скорпија

Нема причина да бидете опседнати со размислување за поранешна врска. Има причина зошто работите не функционирале, а причината е што пред се не сте биле задоволни. Фокусирајте се на работата бидејќи таа ќе ви донесе одлични резултати, а треба да знаете дека барем никогаш не треба да се грижите за љубовта.

 

Стрелец

Денеска нема сила што ќе ве попречи во извршувањето на вашата работа. Ја имате целосната поддршка од колегите, но повторно размислувате за промена на позицијата. Зошто да не, ќе си го дополните знаењето и нема да се каете. Партнерот не ве разбира и можни се конфликти бидејќи не му посветувате доволно внимание.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за вторник, 30 април

 

 

Јарец

Ако сте манифестирале промена во кариерата или парите, тие ќе бидат слушнати на најнеочекуван начин. Затоа внимавајте на вратите што ви се отвораат како и на знаците што ве водат таму. Премногу сте сурови кон партнерот, треба да сфатите дека грешите.

Loading...

 

Водолија

Доаѓаат нови проекти во бизнис планот, не се знае кој е поуспешен и тоа е единственото нешто што ве тера. Сакате да запознавате личност од соседството, но не се осмелувате да и пријдете. Не се сомневајте во себе, иако е можно денес да ве очекува тешка одлука.

 

Риби

Loading...

Доста уживавте, ги препуштавте обврските на другите и се одморавте. Време е да продолжите понатаму бидејќи во спротивно не можете да ги постигнете своите цели. Можно е да ја вратите поранешната љубов во вашиот живот, а потоа дефинитивно ќе бидете сигурни дали ја сакате или не.