ХОРОР: Сателитски снимки од бегалскиот камп пред и по израелските напади (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Израел потврди два напади врз бегалски камп во Газа. Само во првиот загинаа 50 лица.

Loading...

ИДФ вчера потврди дека експлозиите во населбата Фалуџа во бегалскиот камп Џабалија биле резултат на нов воздушен напад.

„Претходно денеска, врз основа на точни разузнавачки информации, борбени авиони на ИДФ го нападнаа комплексот за команда и контрола на Хамас во Џабалија. За време на нападот ги елиминиравме терористите на Хамас“, објави ИД, а пренесе Си-Ен-Ен.

По вториот напад, лекарот Атеф Ал Кахлут, шеф на индонезиската болница во Газа, изјави дека најмалку 80 луѓе, главно жени и деца, се убиени и дека стотици други се повредени и дека се уште се трага по урнатините.

Американската компанија Maxar Technologies објави компаративни сателитски снимки од бегалскиот камп во Газа кои се направени пред и по израелското бомбардирање.

 

 

Loading...

 

 

фото: Maxar Technologies