Високото ниво на холестерол отвара пат за болестите на срцето. Можеби го имате, а не сте свесни за тоа. Затоа, наместо да ја ставате главата во песок, направете си контрола.
Општо правило е дека секој над 30-годишна возраст би требало да си го мерат крвниот притисок при секоја посета на лекар, а сите со наполнети 40 години, би требало да имаат превентивен систематски преглед, вели др. Рос Волкер, кардиолог и автор на книгата The Five Stages of Health.
Loading...
„Ако никогаш не сте си го провериле нивото на холестерол, никој во семејството немал срцев удар пред 60-тата година, никогаш не сте пушеле и не сте дијабетичар, тогаш со 40 години, би требало да ги измерите холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта.
Според др.Волкер, дури и ако имате покачено ниво на холестерол, не треба задолжително да почнете со лекови. Според него, не му треба секому агресивно снижување, особено затоа што статините можат да имаат долгорочни нуспојави. Ако имате 45 години и лекарот сака да ви препише статини, прво измерете го нивото на калциум во коронарните артерии. Ако е ниска или минимална, холестеролот не е проблем.
Овој човек година дена јадел само компир, нема да верувате што му се случило (фото)
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.