Холандскиот премиер по оставката: Нема да се кандидирам за петти мандат

Сподели со своите пријатели

Холандскиот премиер Марк Руте, кој во петокот поднесе оставка, денеска изјави дека нема да се кандидира за петти мандат и дека ќе ја напушти политиката по изборите во ноември.

Loading...

Ројтерс потсетува дека Руте поднесе оставка во петокот за време на четвртиот премиерски мандат, откако не воведе мерка за построга имиграциска политика.

„Донесов одлука дека повеќе нема да бидам достапен како лидер на Народната партија за слобода и демократија. Кога ќе се формира нова влада по изборите, ќе ја напуштам политиката. Во последните денови имаше многу шпекулации за тоа што ме мотивираше. Единствениот одговор е Холандија“, рече Руте во своето обраќање во парламентот, пред расправата за распуштање на владата.

Агенцијата соопшти дека кариерата на Руте како шеф на влада била најдолга во холандската историја, откако ја презеде функцијата во октомври 2010 година.