ХИТ ВО ГЕРМАНИЈА: Се скарал со папагалот, реагирала полицијата

Сподели со своите пријатели

Полицијата на југот на Германија морала да реагира поради „караница во семејството“, но установила дека е во прашање маж кој се „скарал“ со папагалот.

Жителот на Лерах, место во близина на границата со Швајцарија, вчера повикал полиција за да пријави караница во станот покрај неговиот.

Полицијата дошла во станот каде се одвивала караницата, но утврдила дека расправијат апомеѓу 22-годишното момче е со папагал.

Паметен папагал со една реченица ја сместил во затвор својата сопственичка (видео)

Loading...

Момчето во полиција рекло дека папагалот, кој инаку припаѓа на неговата девојка, го нервирал.

Папагалот не „останал должен“ на момчето, па на неговото викање возвраќал со гласни звуци.

Полицијат анавела дека папагалот не знае да зборува, но знае да „лае како куче“.

Бидејќи во овој случај немало повредени, полицијата си заминала, пренесува АП.

Leave a Reply