Хирург извадил граната од тело на украински војник

Сподели со своите пријатели

Хирург во Украина извадил граната од градите на војник, соопшти тамошното министерство.

Loading...

Експлозивот бил отстранет за време на операција на еден од најискусните воени хирурзи во Украина, откако вооружените сили предупредија дека може да „експлодира во секој момент“.

Операцијата била успешна, а повредениот војник е префрлен на рехабилитација и опоравување, додаваат од Вооружените сили на Украина.

На фотографијата од рендген, објавена од украинското Министерство, во градите на војникот се гледа граната, пренесува Sky news.

Војникот бил опериран од хирургот Андриј Верба, кој е сликан како држи неексплодирана граната во рацете.

 

 

Loading...

„Не секоја повреда на срцето е фатална“, напиша заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на Телеграм.

Украинските вооружени сили не објаснија кога е извршена операцијата ниту како гранатата завршила во телото на војникот.

Руската армија користи различни видови гранати, додаваат медиумите, но не е јасно чија граната завршила во телото на војникот.

Откако војната во Украина влегува во својот 11-ти месец, лекарите и медицинските сестри во воените болници продолжуваат да ги лекуваат војниците и цивилите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.