Хезболах: Американската агресија потврда за учеството во геноцидот во Газа

Сподели со своите пријатели

Американските власти изјавија дека нападите врз позициите на јеменското бунтовничко движење биле извршени со авиони, бродови и подморници, а цел биле повеќе од десет локации.

Loading...

Со удирање по позициите на бунтовничкото движење Хути во Јемен, Соединетите Американски Држави покажаа дека го поддржуваат Израел во извршувањето на злосторства и геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, според реакциите од Блискиот Исток на акциите на американско-британските сили.

– Овие напади се случуваат во обид да се прошири целосната поддршка на САД и Велика Британија во последните 100 дена од воените злосторства на ционистичкиот режим против палестинскиот народ и опколените граѓани на Газа, се вели во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Либанското движење Хезболах е на мислење дека „американската агресија уште еднаш потврдува дека САД се целосен партнер во трагедиите и масакрите извршени од ционистичкиот непријател во Газа и во регионот“.

Во реакцијата на палестинскиот исламски џихад се наведува дека „оваа агресија потврдува дека американската администрација води војна за геноцид врз палестинскиот народ во Газа“.

Американските власти за Ројтерс открија дека нападите ги извршиле авиони, бродови и подморници, а цел биле повеќе од десет локации, пишува Ал Џезира.

Главниот град Сана, како и градовите Саада и Замар и провинцијата Ал-Худаида се само дел од целите на нападите, потврди претставник на Хутите, нарекувајќи ги тие напади „американско-ционистичко-британска агресија“.

Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, ги гаѓаат бродските рути во Црвеното Море за да покажат поддршка за Хамас, палестинската организација која се бори против израелската офанзива во Газа.

Loading...

Во исто време, додаваат агенциите, нападите ја загрозуваат меѓународната трговија на клучниот пат меѓу Европа и Азија, кој сочинува околу 15 отсто од светскиот поморски сообраќај.