Хаос во Русија: Напади со дронови, експлозии, евакуација на нуклеарно оружје, луѓето бегаат…

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на руската област Белгород утринава изјави дека во регионот е во тек „антитерористичка операција“ и дека Министерството за одбрана и безбедносните служби сѐ уште ја „чистат“ територијата на границата со Украина.

Loading...

„Во врска со ситуацијата во областа Граиворон: чистењето на териториите што го спроведува Министерството за одбрана со безбедносните служби сè уште трае“, рече гувернерот Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа „Телеграм“.

„Апелирам до граѓаните на областа Грајворон, кои привремено ги напуштија своите домови: враќањето сè уште не е можно“, додаде тој.

Гладков рече дека една жена била убиена за време на евакуацијата во понеделникот, а две лица наводно биле ранети, но руските безбедносни сили не можеле да дојдат до нив.

„Двојката е пренесена во градската болница број 2. Жената има рани од шрапнели на долните екстремитети, состојбата на трауматски шок е тешка. Мажот има рани во пределот на стомакот. Тие сега се на Итната помош под строг надзор на лекарите. Им е укажана сета неопходна лекарска помош“, соопшти утрово Гладков.

 

 

Loading...

Напад со дрон во текот на ноќта

Гувернерот објави дека Белгород во текот на ноќта бил нападнат со дронови.

Во серијата објави на Телеграм доцна вчера и рано утринава, Гладков рече дека две куќи биле погодени со дронови во градот Граиворон – местото на претходниот напад за кој одговорноста ја преземаа проукраински руски доброволци.

„Куќите се запалија откако експлозивните направи беа фрлени од беспилотното летало“, рече Гладков.

Тој додаде дека во два одвоени напади од дронови биле фрлени експлозивни направи врз управната зграда и куќа во селото Борисовка.

Тој рече дека нема пријавени жртви во ниту еден инцидент со дронови.

Засега никој не ја презеде одговорноста за наводните напади со беспилотни летала.

Претходно вчера Гладков изјави дека повеќето жители на Грајворон биле евакуирани од градот, откако осум лица биле повредени во напад на „диверзантска група“ поврзана со украинската војска.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека претседателот Владимир Путин е информиран и дека се работи на протерување на „саботерите“, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.

Loading...

Каналот База Телеграм, поврзан со руските безбедносни служби, објави дека има индиции за борби на три места долж главниот пат кон внатрешноста на Русија.

Каналот „Отворен Белгород“ на Телеграм соопшти дека во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода.

Синоќа во Белгород одекна силна експлозија, а наводно е оштетена и канцеларијата на руската Федерална служба за безбедност.

 

 

Евакуирано складиште за нуклеарна муниција во Белгород

Руските власти итно го евакуираа складиштето за нуклеарна муниција Белгород-22 во регионот Белгород, кој граничи со Украина, тврди Андриј Јусов, портпарол на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ГУР).

„Итно се евакуира и објектот Белгород-22 – складиште за нуклеарна муниција. Не е далеку од Грајворон“, рече Јусов.

Loading...

Тој нагласи дека на тоа место се складира дел од руската нуклеарна муниција.

Руските безбедносни сили се судрија со партизаните на најмалку три локации во Белгород, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Помеѓу 19 и 22 мај 2023 година, руските безбедносни сили најверојатно се судрија со партизаните на најмалку три локации во руската област Белгород, во близина на украинската граница. Идентитетот на партизаните останува непотврден, но руските антирежимски групи ја презедоа одговорноста“, велат тие.

 

 

Loading...

Борба долж руската граница со Украина

За потсетување, вчера избувнаа борби долж руската граница со Украина, откако самопрогласените руски партизански сили извршија прекуграничен напад и тврдеа дека за време на војната за првпат освоиле погранично село.

Руската Легија на слободата, која се опишува себеси како милиција против Кремљ која сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин, тврди дека ја преминала границата и го зазела селото Козинка и ги испратила своите војници во градот Граиворон во руската област Белгород.

Снимката од нападот, наводно од граничниот контролен пункт во Грејворон, покажува жртви, вклучително и руски офицер како лежи со лицето надолу во локва крв покрај руските пасоши и другите документи расфрлани на земја. На видеото се гледаат и оклопните возила кои го освоија граничниот пункт.

 

Loading...

 

Властите прогласија антитерористички режим

Растечкиот хаос во регионот на Белгород, каде локалните власти прогласија „антитерористички режим“ во понеделникот вечерта, е редок случај руските села да се соочат со конфликтот што руската војска го покрена низ Украина.

И руските и украинските официјални лица потврдија дека има борби на границата.

Новинарите од терен не ја потврдија окупацијата на територијата.

Друга милиција против Кремљ, Рускиот волонтерски корпус, предводена од истакнат руски националист, исто така тврди дека учествувала во нападот.

Loading...

Не е познато дека Легијата на слободата на Русија учествувала во некои големи битки за време на војната.

„Ние сме исти Руси како вас. Се издвојуваме само затоа што повеќе не сакавме да ги оправдуваме постапките на криминалците на власт и станавме оружје во одбрана на нашата и вашата слобода. Но, денес е време секој да преземе одговорност за својата иднина. Време е да се стави крај на диктатурата на Кремљ“, се вели во соопштението за печатот на Легијата на слободата на Русија на социјалните мрежи.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како руски хеликоптер Ми-8 фрла ракети над Козинка и се издига чад од населбата со јасни звуци на сирени за итни случаи.

Беа снимени и стотици автомобили како ја напуштаат областа.

„Нешто страшно се случува“, рече една жена која снимаше од нејзиниот прозорец како хеликоптер над Козинка фрла проектили дизајнирани да избегнуваат проектили земја-воздух.

 

Loading...

 

Руските власти го потврдија нападот

Гувернерот на Белгородската област го потврди нападот во понеделникот, пишувајќи:

„Диверзантско-извидувачка група на вооружените сили на Украина влезе во областа на областа Граиворон. Вооружените сили на Руската Федерација со Граничната служба, Росгвардија и ФСБ ги преземаат неопходните мерки за елиминирање на непријателот“.

Украина отфрли каква било поврзаност со руските партизански борци, велејќи дека тие дејствуваат независно и не се под воена контрола.

Loading...

„Да, денес рускиот волонтерски корпус и Легијата на слободата на Русија, составена од граѓани на Руската Федерација, започнаа операција за ослободување на териториите на регионот Белгород од таканаречениот режим на Путин и потиснување на непријателот со цел да се создаде одредена безбедносна зона за заштита на украинското цивилно население“, изјави Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка служба за украински медиуми.

Советникот на украинскиот претседател напиша дека Киев нема никаква врска со нападите, но потоа ги спореди со вмешаноста на сепаратистичките сили во борбата во Украина.

„Како што знаете, тенкови се продаваат во секоја руска воена продавница, а подземните герилски групи се составени од руски граѓани“, напиша Михајло Подољак.

САД и другите западни сили ѝ дадоа оружје на Украина, со предупредување дека не треба да се користат за напади врз цели во Русија.

Украина негираше каква било поврзаност со претходните напади на руска територија, вклучувајќи ги и нападите што ги погодија руските аеродроми, енергетската инфраструктура, па дури и нападот со беспилотни летала врз Кремљ на почетокот на мај.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.