Гутереш во посета на пограничната област на Египет и Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска е во посета на граничната област меѓу Египет и Појасот Газа за повторно да апелира за прекин на огнот во палестинската енклава.

Loading...

Гутереш денеска пристигна во Ал Ариш во северниот дел на Синај, Египет, каде се наоѓа голем дел од меѓународната помош испорачана и складирана за Газа.

Регионалниот гувернер Мохамед Шуша му рекол на Гутереш дека околу 7.000 камиони чекаат во северен Синај за да достават помош во Газа и дека инспекциските процедури што ги бара Израел ги задржуваат пратките со помош, објави Ројтерс.

Се очекува Гутереш да ја посети болницата во Ал Ариш каде се лекуваат Палестинците евакуирани од Појасот Газа, како и да разговара со работниците на ОН на египетската страна на преминот Рафах.

Израел се заканува дека ќе започне голема воена операција во јужниот град на Газа Рафах на границата со Египет, каде што повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа избегаа од борбите.