Громогласен аплауз за белградската комедија „Идеална половина“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во преполната сала на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер се играше претставата „Идеална половина“ на продукцијата Арлекин од Белград, Република Србија во рамките на 24. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

Билет повеќе се бараше во текот на вчерашниот ден за претставата, но согласно протоколите за исполнетост на капацитетот на салата до 30 отсто, многу бргу беа распродадени сите 200 места. Актерската екипа ги оправда очекувањата на кумановци кои имаа можност да се насмеат до солзи, а аплаузот по завршувањето на претставата беше долг и громогласен.

 

 

Loading...

Дел од оваа претстава е еден од најпознатите актери во регионот Милан Калиниќ, кој игра заедно со Олга Одановиќ, Вучиќ Петровиќ и Анастасија Мандиќ.

 

 

Станува збор за претстава работена според текстот на Милена Деполо, а во режија на Никола Завишиќ.

 

 

Loading...

Фестивалот продолжува утре со претставата „Женидба“ на белградскиот театар Народно позориште Приштина.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...