ГРЦИЈА: Војник фрлил шок бомба па го претепал командирот

Сподели со своите пријатели

Војник на грчката елитна падобранска единица утрово предизвика инцидент кога фрли шок бомба предизвикувајќи паника, а потоа го зел како заложник својот командант.

Loading...

Според неофицијални информации, се слушнале и истрели.

Инцидентот се случил кога војникот се изнервирал и се степал со командантот, незадоволен од казната што му била изречена.

Тој наводно влегол во просторијата каде што се наоѓа командата на единицата, фрлил шок бомба, а потоа го зел командантот како заложник, го претепал и му се заканил дека ќе го убие, пишува Прототема.

Во еден момент командантот успеал да побегне со помош на друг војник, а припадниците на воената полиција го уапсиле.

По инцидентот, на местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили.