Граѓанските организации се подготвени да иницираат решавање на проблеми во Македонија

Сподели со своите пријатели

Граѓанските организации се подготвени да иницираат решавање на проблеми во Македонија, оваа е резултат на ЦИД со кој  две годишниот проект е затворен.

Центар за интеркултурен развој , ЦИД , со завршна манифестација го затвори двегодишниот проект на градење на граѓанските организации во Македонија.

Милош Ристевски, координатор за политики во ЦИД ,  вели дека овој проект бил насочен кон лобирање и застапување на  Европската агенда во Македонија и подршка на Македонија при приклучување на Европската Унија.

Проектот е имплементиран низ неколку фази, со обуки за градење на капацитети на невладини организации низ Македонија, процес на лабараторија за идеи , каде невладините организации генерирале идеи и давале предлози на што да се работи и што да се истражува.

 

Loading...

 

Ристевски вели дека се работело на пет теми и тоа медиуми, млади , одржлив развој, социјална вклученост и дискриминација.

На овие теми биле изработени и истражувања кои  биле презентирани пред сите чинители, а биле изработени и флаери и промотивен материјал со кој се подигнувала свеста.

Преку проектот е остварена и посета на Брисел каде дваесет организации се запознале со различни меѓународни мрежи и воспоставија контакти како заедно да делуваат , истакна Ристевски.

Тој вели дека организациите во Македонија се подготвени да бидат вмрежени и заедно да ги иницираат решавањето на проблемите во општеството во Македонија.