„Графити фест“ по четврти пат утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово утре ќе се одржи фестивалот „Графити фест“, на кој ќе цртаат уметници од државата и од Турција и Словенија.

Loading...

Како што најавија организаторите од „Форма Куманово“, целта е да се обидат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура.

Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски ги повикаа кумановци да го проследат „Графити фест“ на кој покрај уметници-цртачи ќе настапат и локални диџеи.

Цртачите ќе цртаат на слободна тема на површини во населбата. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат организаторите.

– Сите ќе творат на свој начин, фестивалот има хуманитарен карактер, изјави Трендевски.

Организаторите сметаат дека полека јакне свеста кај населението за зачувување на изработените мурали во Куманово.

Изминатиов период беа исцртани површини на булеварот „Октомвриска револуција“ на неколку локации, меѓу училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“. Изминатиов период беа исцртани мурали посветени на великанот Блаже Конески, како и за репрезентативецот Столе Димитриевски.

– Нè радува што не се уништуваат делата, луѓето го препознаваат нашиот труд, кажа Стоилковски.

Loading...

За наредната јубилејна година ќе бидат поканети цртачи од Балканот и Европа и предвидено е настапат други уметници. За годинешниов фестивал, „Графити фест“ доби поддршка од Министерството за култура, НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово и од бизнис заедницата.

МИА