Град со големина на јајце паѓаше во селата во Старо Нагоричане (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Град со големина на јајце вчера ја побелел почвата во неколку села во општината Старо Нагоричане, информираат од Центарот за управување со кризи.

Loading...

Според РЦУК, најпогодени биле селата Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко и Аљинце.

 

 

До редакцијата на Кумановски Муабети пристигнаа и снимки и фотографии од град во селата Алгуња и Сув Орах.

 

Loading...

 

Најпрвин паѓал сув град со големина на јајце од кокошка, со силен интензитет околу десетина минути, по што почвата побелела.

Потоа паѓал пороен дожд проследен со силен ветер.

 

Село Сув Орах

 

– Комисија ќе излезе на терен за да изврши увид во евентуалните штети преизивикани од вчерашниот град, изјави заменик градоначалник на општина старо Нагоричане, Бобан Цветановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје

Тој додава дека се уште прсистигнуваат информаци до општината.

 

Loading...

Никола Ивановски