Грабеж во спортска обложувалница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Спортска обложувалница била ограбена викендов во Куманово при што крадецот освен што заминал со парите од касата, предизвикал и материјална штета.

Loading...

– На 03.07.2021 година во 09.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила влегол во спортска обложувалница на булеварот „Октомвриска револуција“, при што одзел пари и предизвикал материјална штета, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply