Горила, за која во зоолошката се верувало дека е мажјак, роди младенче

Сподели со своите пријатели

Вработените во зоолошката градина во Охајо во Америка биле изненадени кога откриле дека горила за која четири години мислеле дека е мажјак родила младенче.

Loading...

Од ЗОО велат дека Сали, која е со нив од 2019 година, била пронајдена со бебе во рацете минатата недела.

Тие на социјалните мрежи објавија дека новороденчето „изгледа здраво“, а Сали веќе е одлична мајка.

Токму поради тоа што досега беше во добра здравствена состојба, Сали ретко одеше на прегледи на ветеринар, што доведе до недоразбирања за полот.

Раѓањето беше „неочекувано, но и возбудливо за тимот што се грижи за нив и важно за зачувување на овој критично загрозен вид“, велат чуварите на парковите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Ништо не се посомневале додека не го виделе „мажјакот“ како го ниша бебето.

„Тешко е да се одреди полот на младите горили“, велат тие.

На осум години, Сали е доволно зрела да се размножува, но се уште е премногу млада за да покаже јасни сексуални карактеристики, додаваат тие.

Loading...

„До околу осумгодишна возраст, машките и женските горили се слични по големина и немаат изразени полови органи.

„Мажјаците не се развиваат… нивните грбови стануваат сребрени по 12-годишна возраст или подоцна“.

Горилите обично дури и не покажуваат бременост, бидејќи имаат голем долен дел на стомакот, а младенчињата се многу помали од човечките бебиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

„Воодушевени сме од новиот додаток на овој критично загрозен вид“, велат од ЗОО.

„Ова е 34-та горила родена овде од 1956 година, кога зоолошката градина Колумбус стана првата во светот која родила горила, а важен дел од нашата работа е да ги зачуваме овие прекрасни животни.“

Тие најавија дека со ДНК тест ќе се утврди кој е татко на новороденчето.

Сали живее во глутница чиј водач е Мек (39), мажјак со сребрен грб, а има и двајца помлади, десетгодишен Камоли и шестгодишниот Џеј Џеј.

И покрај недоразбирањето со Сали, тие се уверени дека го знаат полот на младенчето.

Loading...

„Девојче е! Нашиот тим го потврди тоа визуелно и со фотографии кои беа испратени до експерт за примати во друг водечки објект каде што се негуваат животните“, соопштија од зоолошката градина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра