Голема првоаприлска забава во клубот V2

Сподели со своите пријатели

На први април во клубот V2 ќе се оддржи голема забава под маски. Ова ќе биде вистински празник за љубителите на електронската музика од нашиот град. За музиката задолжени ќе бидат Иван Петковски, Никола Симоновски, како и специјалниот гостин од Амстердам, ME.N.U., додека влезот ќе биде бесплатен.

Ова ќе биде промотивен настан за фестивалот на електронска музика Red Sound District. Како дел од промоцијата, организаторите ќе доделат гратис влезници за фестивалот на најдобро маскираното друштво.

Инаку Red Sound District e музички фестивал кој годинава ќе го има своето второ издание. Настанот ќе се оддржи во МКЦ, Скопје, на 9 април, со почеток во 23:00 часот. Свои настапи ќе имаат специјалните гости од Холандија: Florinsz Janvier, David Hulsken, Francesco Robustelli и ME.N.U., додека домашната сцена ќе ја претстават Мирко Попов, Видиновски и Никола Симоновски.

Влезниците се веќе во прродажба, и истите може да се купат во билетарата на МКЦ, по цена од 150 денари. На денот на настанот, влезниците ќе се продаваат по иста цена до полноќ, а по полноќ ќе чинат 200 денари.