Годишна стапка на инфлација во Германија во април 7,2 отсто – храната поскапе најмногу

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Германија во април изнесуваше 7,2 отсто, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Loading...

Инфлацијата е најниска во последните седум месеци, а во март изнесувала 7,4 отсто во однос на истиот месец лани.

„Стапката на инфлација во Германија паѓа веќе втор месец, но сепак е многу висока“, изјави претседателката на Дестатис, Рут Бренд, додавајќи дека најмногу пораснале цените на прехранбените производи.

Храната во април поскапела за 17,2 отсто во однос на истиот месец лани, што е нешто помалку од мартовската инфлација од 22,3 отсто.

На годишно ниво, најмногу во април поскапеле млечните производи – за 34,8 отсто, лебот и житариците за 21,3 отсто, рибата и морските плодови за 19,7 отсто, а медот, шеќерот и џемот поскапеле за 19,6 отсто.

Во април цените на енергијата го забрзаа својот раст за 6,8 отсто во однос на мартовската стапка на инфлација од 3,5 отсто.

Во април германските граѓани мораа да издвојат повеќе пари за природен гас, кој поскапе за 33,8 отсто во споредба со истиот месец лани.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...